Во текот на вчерашниот ден издадени 2292 потврди на сириски, авганистански и ирачки мигранти

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 29.01.2016 година, издадени се потврди на вкупно 2.292 странски државјани, од кои 852 се од машки пол, 513 се од женски и 927 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-1243, Авганистан–671 и Ирак-378. До Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Инаку од 01.01.2016 до вчерашниот ден издадени се потврди на вкупно 52.503 странски државјани, од кои 21.732 се од машки пол, 11.314 се од женски и 19.355 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 102 дете кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-26.193, Авганистан-16.543 и Ирак-9.764.

Во истиот период до Секторот за азил поднесени се шест барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил на шест малолетни лица од кои пет од Авганистан и две од Сирија.