Со почетокот на второто полугодие од школската година, започна и второто коло од УЧИЛИШНИТЕ ИГРИ БЕЗ ГРАНИЦИ 2015/2016 година, во организација на Извидничкиот одред Пионер.
Вчера во спортската сала „Тодор Александров“ во Велгошти преку учество на 80 ученици од второ до деветто одделение продолжи циклусот со забавно-едукативни игри во кој што учениците групирани во екипи од по четворица се натпреваруваа со своите врсници трудејќи се да обезбедат место во понатамошните натпревари.
Игрите кои што започнаа на први декември минатата година и на кои што досега учествуваа повеќе од 300 ученици од основните училишта од Охрид, продолжуваат понатаму со зголемен интензитет.
Ова коло ќе биде елиминационо по што ќе продолжат само победничките екипи од секое училиште за понатаму да се натпреваруваат со победниците од другите училишта.
Училишните игри без граници се очекува да завршат со почетокот на месец Мај кога ќе се добијат победничките екипи кои ќе се закитат со победнички пехари.