Крводарителска акција на СВР Охрид

Полициски и други службеници од Секторот за внатрешни работи Охрид и граничната полиција Регионален центар Запад, денес доброволно ќе даруваат крв во рамките на крводарителската акција што до 10 до 13 часот ќе се одржи во службените простории на СВР Охрид.

Оваа хумана активност претставува продолжување на традиционалната соработка што СВР Охрид ја има со Републичкот завод за трансфузиологија и Црвениот крст од Охрид. Според предвидената динамика, предвидени се најмалку четири вакви акции за дарување на драгоцената течност и собирање на крвни единици.

На овој начин и припадниците на полицијата даваат активен придонес во промоција на крводарителството како хумана човечка вредност што живот значи, како и форма за поголемо приближување на СВР Охрид кон граѓаните.

svr krv