Одржан состанок на Директорите на полициите и Шефовите на граничните служби на Македонија, Србија, Хрватска и Австрија

Денес, на покана на Министерството за внатрешни работи- Бирото за Јавна Безбедност ,се одржа состанок на Директорите на полициите и Шефовите на граничните служби на Република Макеедонија, Република Србија, Република Хрватска и Република Австрија. Сега повеќе од било кога е потребен заеднички координиран и усогласен пристап од сите земји од западно балканската рута на движење на мигрантите со цел справување со мигрантската криза. Директорите на полиции од регионот ја претставија состојбата во нивните земји во однос на справувањето со мигрантската криза и во насока на унапредувањето на добрата постоечка соработка разговаравме за можните начини за натамошното продлабочување на соработката во управувањето со миграциските текови и се согласивме за следното:

– дека соработката помеѓу полициските служби на земјите учеснички е добра и дека ќе се продолжи да се работи на нејзино натамошно продлабочување. Навремената размена на информации за случувањата долж миграциската рута, како и воведувањето на нови мерки и процедури со соодветен рок за имплементација, е клучна за избегнување на тензични ситуации на границите долж мигрантската рута и ефикасно управување со миграциските текови како и справувањето со криумчарењето на мигрантите.

– дека ќе бидат направени напори за стандардизација на регистрација на мигрантите и да се воспостават јасни заеднички критериуми, кои мигрантите треба да ги исполнуваат за нивно транзитирање низ рутата. За таа цел неопходно е да се согласиме за стандардите за регистрациските методи и постапки. Тоа вклучува подготовка на стандардни документи кои треба да се издаваат од сите засегнати страни, внесување на личните податоци добиени преку регистрацијата во националната база на податоци и размената на тие податоци со сите засегнати страни.

– лицата кои немаат патни документи а со себе носат фалсификувани патни документи или кои имаат погрешни изјави за нивната националност или идентитет нема да им се дозволи влез на границата. Тоа ќе придонесе кон подобра контрола на границите и превенција на злоупотреба на рутата од мигранти на кои не им треба меѓународна заштита и кои сакаат влез во Европа за други цели.

– распоредувањето на странски полициски службеници на македонско – грчката граница дава позитивни резултати и претставува силна порака дека засегнатите земјите се одлучни заеднички да се справат со миграциската криза.

– дека горенаведената соработка ќе биде отворена за пристапување од страна на други држави кои се засегнати од моменталната миграциска криза.

IMG_0518