Започнуваат подготвителните фудбалски натпревари на СРЦ „Билјанини извори“

Со фудбалскиот натпревар помеѓу српските екипи на ФК Радник од Лучане и ФК Младост од Сурдулица започнуваат подготвителните фудбалски натпревари на Спортско рекреативниот центар „Билјанини Извори“.

Во наредниот период Охрид и СРЦ „Билјанини Извори“ ќе се домаќини на уште 7 фудбалски екипи од кои 3 се од нашиот сосед Србија ( ФК Спартак Суботица, ФК Јавор Ивањица и ФК Борац Чачак ) и 4 од нашата држава и тоа ФК Ренова, ФК Металург, ФК Шкупи и ФК Тетекс. Од година во година Охрид и СРЦ „Билјанини Извори“ постанува центар за подготвување на фудбалските екипи како од Македонија така и од соседството.

Инвестициите во фудбалската инфраструктура после многу години се покажуваат како вистинско решение за идниот развој на ЈП „Билјанини Извори“ и спортскиот туризам.

12642821_958922397476670_2543442335589458306_n