„Ана Франк“ на учениците од „Св.Климент Охридски“ прикажан на „Вечер на филмски аматери“

Филмот „Ана Франк“ на учениците од ОУ „Св. Климент Охридски“ – Охрид влезе во селекција на поголем број аматерски филмови од Македонија и беше прикажан на „Вечер на филмски аматери“ во Скопје, што се одржа во организација на Кинотека на Македонија. Филмот беше проследен со внимание од страна на публиката, а авторот на филмот, Никица Мишева, за учеството прими пригодна награда.

Инаку, играно-документарниот филм „Ана Франк“ за првпат беше прикажан минатата година во рамките на проектот „Холокаустот низ призмата на детските очи“ во организација на Меморијалниот центар на Холокаустот на Евреите во Македонија и Министерството за образование и наука.

„За реализација на филмот, на учениците им помогнаа нивните наставници Димитрие Ристески како камерман, Никица Мишева како сценарист и режисер, и Борче Трифуноски – монтажер во телевизија „О2“.

„Ана Франк“ ќе го продолжи своето патување и на престојните фестивали на аматерски филм во земјава и надвор од неа.“- велат од улилиштето.

Воедно, ОУ „Св. Климент Охридски“ го најавува снимањето на нов игран филм за деца со кој учествува на Државниот фестивал за непрофесионален филм што ќе се одржи оваа година.