Викендов во Суботица се игра третиот круг од BIHL

Од петок до недела во Суботица ќе се одигра третиот турнир од Балканската хокеј лига.

Металург ќе игра денес во 20:30 против домаќинот Суботица, во сабота против Славија од Софија во 16:00, а во недела од 09:00 часот против босанскиот првак Вукови Стари Град.

Сите натпревари ќе може да се следат во живо на следниот линк: http://www.sportuzivo.tv/v2/

По првите 2 турнири Металург е втор на табелата со 3 победи и 3 порази.

Исто така, и инлајн хокеј тимот во недела во Загреб ќе им гостува на екипите Муње и Питони. Натпреварите се играат во спортскиот центар Куна во Загреб во 12 и во 14 часот.