ОУ „Григор Прличев“ го одбележува својот патронат

Со низа активности Основното училиште „Григор Прличев“- Охрид, го одбележува својот патронен празник.

Денес беше положен лавров венец и свежо цвеќе пред споменикот на Григор Прличев во дворот на истоименото основно училиште. Потоа се одржа и панихида.

Годинешните случувања посветени на лавроносецот продолжуваат и попладне во изложбениот салон НУЦК „Григор Прличев“, со ликовната изложба на цртежи од учениците од истоименото основно училиште и доделување на наградените творби.

Наградени ученици се Марија Наумоска (VI-4) – второнаградена на литературен конкурс од предметна настава и Мартина Ѓоршеска (IX-6) – нас.Рача, трето наградена за литературен конкурс од предметна настава. Од одделенска настава, наградени ученици се Надица Шикалеска (III-4), наградена на литературен конкурс и Дамјан Јакимоски (V-6) нас. Рача, трето награден на литературен конкурс.

Свечената приредба ќе се одржи вечерва во Центарот за култура „Григор Прличев“, со почеток во 19:00 часот по повод патрониот празник.

WebOhrid