СДСМ: Криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ целосно го запустеа Охрид

Општинската организација на СДСМ Охрид испрати соопштение до медиумите во кое стои:

„ВМРО-ДПМНЕ и Никола Бакрачески по две години и десет месеци владеење немаат никакви резултати.

ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески не реализираа ниту еден проект ветен пред граѓанитe.

„Дил ориентед“ политиките на Никола Груевски и виртуелните проекти, Охрид го ставија на првото место по бројот на иселени млади луѓе, според податоци на Заводот за статистика за 2015 година.

Економската преродба и економскиот развој на Охрид, се трансформираа во економска стагнација на градот и најголемо отселување на млади образовани луѓе во последниве години.

Криминалот и корупцијата на ВМРО-ДПМНЕ целосно го запустеа Охрид.

Затоа ја нема изградбата на развојна индустриска зона на потегот пред село Лескоец, ниту на подоцна определената локација Мауцкер. Мауцкер е голема депонија на која се складира градежен шут и ѓубриште од целиот град.

Затоа ја нема изградбата на нова современа меѓународна автобуска станица. Се продаде земјиштето и толку.

ВМРО-ДПМНЕ и Бакрачески заборавија на откупно-дистрибутивниот центар за раноградинарски производи со ладилник во село Лакочереј иако во нивната програма беше предвидена изградба до 2014 година.

Големо ништо е и изградбата на затворениот базен иако манипулаторот Никола Груевски дојде во Охрид и се сликаше со уште една виртуелна изградба.

Ги нема ниту катните гаражи коишто Бакрачески ги најавуваше помеѓу приоритетните проекти.

Граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски не направија ништо за охриѓани. Тие мислат само на своите џебови и личното богатење.“ – се вели во соопштението од ОО на СДСМ Охрид.