Поради изведба на нова водоводна линија, утре во период од 08.30 до 13.30ч. без вода ќе останат жителите кои живеат на дел од бул.„Туристичка“ и тоа од пресекот со ул.„Јане Сандански“ до пресекот со ул.„Даме Груев“ .
Новата водоводна линија се изведува во рамки на градежните активности за изградба на кружниот тек на пресекот на „Туристичка“ и „Јане Сандански“.