ФЗОМ: Граѓаните кои не ги подигнале здравствените картички да дојдат и да ги подигнат во подрачните служби

Фондот за здравствено осигурување на Македонија информира дека по три недели од изработката и дистрибуцијата на електронските здравствени картички во подрачните служби, досега се подигнати 33.154 електронски здравствени картички од вкупно изработени 106.541 за лицата кои имаа поднесено барање и уплатено, а ги немаа добиено картичките.

Од ФЗОМ ги повикуваат граѓаните кои не си ги подигнале картичките да дојдат и да си ги подигнат во подрачните служби, при што можат веднаш да направат и активирањето на новите картички, или тоа да го направат кај својот матичен лекар. При првата употреба на езк кај матичниот лекар осигуреникот внесува пин за понатамошно користење и заштита на езк.

Подигнувањето на езк се врши на шалтерите во подрачната служба на ФЗОМ. Сите потребни информации за електронските здравствени картички граѓаните може да ги добијат во подрачните служби на Фондот или на бесплатниот телефонски број 080033222 од 8:30 – 16:30 часот секој работен ден. Дополнително може да се информираат и на маил адресите info@fzo.org.mk, helpdesk@fzo.org.mk и на веб страницата на Фондот, во делот мое осигурување https://moeosiguruvanje.fzo.org.mk/

Фондот останува посветен на зацртаните проекти.