Пронајдена противтенковска мина кај струшкото село Биџево

Вчера околу 13.00 часот во Полициската станица Струга М.К. (48) од с.Биџево, струшко, пријавил дека при расчистување на канал во с.Бичево повлекол подземен кабел при што на површината на водата се појавила непозната експлозивна направа.

Од страна на стручно лице од Дирекцијата за заштита и спасување утврдено е дека се работи за противтенковска мина од непознато потекло и истата е подигната за понатамошна постапка.