Вчера во 15.30 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, помеѓу селата Требеништа и Мешеишта, се случила сообраќајна незгода во која Е.У. (54) од с.Зајас, кичевско, управувајќи ПМВ „Опел Астра“ со охридски регистарски ознаки, изгубил контрола над возилото и излетал надвор од коловозот.
Во незгодата Е.У. се здобил со тешка телесна повреда (фрактура на лева клучна коска) и по укажаната лекарска помош во болницата „Св.Еразмо“ е пуштен на домашно лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР-Охрид.