Издадeни 451 потврда на мигранти

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 14.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 451 странски државјани, од кои 167 од машки и 99 од женски пол, како и на 183 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и две деца кои патувале без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството, најмногу се издадени потврди на државјаните на 240 државјани на Сирија, потоа на 172 државјани на Авганистан и на 39 државјани на Ирак.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 14.02.2016 година, издадени се потврди на вкупно 80.627 странски државјани, од кои 32.181 се од машки пол, 17.462 се од женски и 30.814 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 170 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-38.992, Авганистан-25.394 и Ирак-16.238.

Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 14.02.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 14.02.2016 година, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле десет лица (седум од Авганистан и три од Сирија) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.

Во ЈУ Прифатен центар за баратели на азил во дневниот регистар на баратели на азил за 14.02.2016 година евидентирани се вкупно девет баратели на азил од кои шест мажи, една жена и две деца со придружба на старател. Дополнително, согласно член 48 од Законот за азил и привремена заштита, еден маж , една жена, пет малолетни деца со придружба на старател, пет малолетни лица без придружба на старател се згрижени на друго место за сместување определено од Министерството за труд и социјална политика.