„Стари времиња“ во петок пред охриѓани

Во НУ Центар за култура „Григор Прличев”-Охрид, во соработка со охридскиот народен театар, премиерно ќе се прикажува театарската претстава „Стари Времиња“ од Харолд Пинтер, во режија на Нела Витошевиќ.

Во претставата играат Ирена Ристиќ, Горан Стојаноски и Јасмина Билаловиќ.

Претставата ќе се одржи во петок (19-ти февруари), со почеток во 20:00 часот, а  влезот чини 200 денари.