Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „Предизвикување општа опасност“, полициската станица од Струга поднесе кривична пријава против А.Р.(31) од Охрид.
На 06-ти овој месец, пријавениот фрлил запаллива течност во влезната врата од куќа сопственост на неговиот пријател Д.У. од Струга. Настанот се случил околу 01 часот и 45 минути на улицата „Кузман Јосифовски Питу“ во Струга каде А.Р. пристигнал со шише полно со запаллива течност. Влегол во дворот од куќата, ја запалил течноста и шишето го фрлил во влезната врата по што веднаш настанал пожар кој за кратко се проширил и во ходникот од семејната куќа. Пријавениот веднаш избегал, а при обид за гаснење на пламените јазици, со телесни повреди –изгореници се здобила мајката на Д.У.
При реализацијата на ова казнено дело, полициските инспектори утврдиле дека можен мотив за извршување на кривичното дело е паричен долг од Д.У. кон сега пријавениот.
Инаку А.Р. е лице познато на службата против кого и досега по неколку основи биле поднесувани кривични пријави.