Македонската туристичка понуда предизвик за туристите од Бугарија

Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија (АППТРМ) од 11-13-ти Февруари 2016 година е дел од 33-тото издание на меѓународната саемска манифестација за промоција на туристичката понуда во Софија, Бугарија – HOLIDAY&SPA EXPO 2016.

За време на саемот во Софија остварена е средба со министерот за туризам на Египет, г-дин Адел ел Масри со цел запознавање на туристичките можности на Македонија и продлабочување на соработката во туристичкиот сектор помеѓу двете земји. Познатите тур-оператори Orange Travel и Lidija Tours сметаaт дека Македонија има атрактивна понуда за азискиот пазар со што од наредниот месец веќе започнуваат со кружни тури низ балканот, во кои дел е и Македонија.

Министерката за туризам на Република Бугарија, г-ѓа Николина Ангелкова ја истакна успешната соработка со АППТРМ и значењето за развивање на туристичката индустрија во двете земји, кои воедно имаат успешна соработка во изминатите години.

АППТРМ на овој саем оствари средби со повеќе туроператори и туристички комори од Бугарија кои најавија зголемување на бројот на аранжманите, а со тоа и бројот на туристите за 2016-та година во Македонија.

Бугарскиот туристички пазар е еден од назначајните пазари за Македонија според бројот на туристи и бројот на ноќевања кои ја посетуваат земјава и е во константен раст. Очекувањата на приватниот сектор од Бугарија за 2016 се оптимистички судејќи според интересот на тур-операторите во првите 2 месеци од оваа година.

На саемот за туризам во Бугарија туристичката понуда ќе ја претстават 392 излагачи, а на македонскиот штанд покрај АППТ, присутни се и тур-операторите Аурора, Фибула и Бадем Турс, како и хотелите Сириу, Гарден Спа и винаријата Попова Кула.