По повод терористичките напади во Анкара и Дијарбакир, претседателот на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов упати сочувство до претседателот на Република Турција, Реџеп Таип Ердоган, со следната содржина:
„Почитуван господине Претседателe,
Со шок и огорченост ја примив веста за последните терористички напади во Анкара и Дијарбакир.
Во овие моменти на длабока тага во Република Турција, дозволете ми, во името на граѓаните на Република Македонија да изразам искрено сочувство.
Најостро ги осудуваме овие насилни варварски напади, во време кога се прават напори за да се постигнат заеднички и сеопфатни решенија за предизвиците со кои се соочува Европа и поширокиот регион.
Ве уверувам дека во овие тешки моменти Република Македонија е солидарна со Република Турција и Ве охрабрувам одлучно да се соочите со заканата од тероризмот во заштита на слободата, безбедноста и вредностите на Вашите граѓани и поредокот на Вашата држава.
Госдопине Претседателе, нашите мисли и молитви се со Вас и со семејствата на жртвите.“- стои во писмото.