Притворени двајца кичевчани поради разбојничка кражба и убиство

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „разбојничка кражба“ со последица лишување од живот, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Е.З. (20) и С.Ф.(21) двајцата од Кичево. Нив одреден им е притвор во траење од 30 дена по што се префрлени во затвор „Скопје“.

На 09-ти овој месец, околу 20 часот, притворените, при вршење кражба во куќа на улица „Јосиф Јосифоски Свештарот“ во Кичево, биле затекнати од страна на сопственикот, сега покоен Зулфиќар М.(77) од Кичево. Притворените, употребиле сила врз него со намера да ги задржат пронајдените 12.000,оо денари и најлонската кеса во која имало медалјони, ланчиња и други метални предмети со жолта боја за кои мислеле дека се златни. Тие пронашле и одзеле пиштол кој потоа го продале по цена од 200 евра. По извршувањето на кривичното дело најлонската кеса ја сокриле кај месноста „Кошарани“ во Кичево, која подоцна е пронајдена при преглед, во присуство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Кичево.

Реализацијата на ова кривично дело, доаѓа по само десеттина дена по пријавувањето во полициската станица и по преземените засилени мерки за пронаоѓање на сторителите. На деветти месецов околу 17 часот, безживотното тело го пронашол синот на сега починатиот Зулфиќар М. кој при влегување забележал претурање на предметите од покуќнината, а во една од собите на приземјето го видел безживотното тело на неговиот татко. Смртта ја константирал доктор од „Општа болница“ од Кичево кој забележал видливи повреди во пределот на главата.

На местото на кривично правниот настан, извршен е криминалистичко-технички увид во присуство на Јавен обвинител од Основното јавно обвинителство Гостивар, полициски старешини од СВР Охрид, вешти лица од одделот за криминалистичко технички испитувања и вештачења при Министерството за внатрешни работи како и полициски службеници од полициската станица Кичево.

Притоа, константирано е дека кривичното дело е извршено со насилно кршење на стакло од светларникот по што било извршено пребарување низ собите на приземјето и горниот кат. При извршувањето на делото, случен е напад врз животот и телото на сега починатиот сопственик на куќата.