Света литургија за празникот Свети свештеномаченик Харалампиј

Дебарско-кичевската епархија ги известува своите православни верници дека утре, во црквата „Света Богородица – Каменско“, Охрид, ќе се служи света архиерејска литургија, по повод празникот на „Свети свештеномаченик Харалампиј“, со почеток во 8:45 часот, на која ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Дебарско-кичевската епархија ги повикува сите свои верници на заедничко прославување на овој празник.