Нема небезбедни чоколади на македонскиот пазар

Агенцијата за храна и ветеринарство нема добиено нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија, дека чоколатцата Марс, Сникерс, Милки веј, Веј минис и Минијатурис се небезбедни. Агенцијата е во тек и ги следи информациите за повлекувањето на дел од овие производи од германскиот пазар од страна на компанијата производител, поради појава на пластика во производите.

Доколку добие нотификација преку Системот за брзо предупредување за храна и храна за животни (Rapid Alert System for Food and Feed) на Европската Унија дека небезбедни производи од овој производител се наоѓаат на македонскиот пазар, Агенцијата за храна и ветеринарство ќе постапи соодветно и истите ќе ги отстрани од пазарот.