Ховит, Кукан и Вајгл жалат што политичките партии не нашле консензус

Европскиот парламент инсистира сите политички партии да останат посветени на исполнување на сите аспекти од Договорот од Пржино, изјави за „Мета“ европратеникот Ричард Ховит, еден од тројцата медијаторите кои денес се сретнаа со политичките партии пред истекот на синоќешниот краен рок.

„Жалиме за пропуштената можност да се најде консензус меѓу сите партии. Се надеваме дека проблемот за кој денеска медијаторите разговараа со партиите ќе помогне во идентификувањето на критичните проблеми кои се уште можат да бидат основа за постигнување конечен договор и да овозможат новите избори да бидат веродостојни“ – рече Ховит.

Европратеникот на својот твитер-профил напиша дека во заедничката изјава на ЕУ и САД се вели дека „медиумските реформи се уште се дел од изборниот процес и потребна е напорна работа за изборите да бидат веродостојни.

Извор:meta.mk