Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ја посети полициската станица Карпош во состав на планот за посета на полициските станици, со цел да се запознае со состојбите и проблемите со кои се соочуваат полицајците.
„Денеска разговаравме за проблемите во полициската станица Карпош и како да се надминат тие. Разговаравме со полицајците за тоа со кои проблеми се соочуваат во реализација на секојдневните активности. Навистина е потребно да ги менуваме работите на подобро, да се професионализира службата и да се стави во интерес на граѓаните. Преку вакви средби и преку директни средби на ѓраѓаните со полицијата да ја вратиме довербата во македонската полиција” , рече министерот Спасовски.