Спасовски: „Професионална полиција во служба на граѓаните”

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска ја посети полициската станица Карпош во состав на планот за посета на полициските станици, со цел да се запознае со состојбите и проблемите со кои се соочуваат полицајците.

„Денеска разговаравме за проблемите во полициската станица Карпош и како да се надминат тие. Разговаравме со полицајците за тоа со кои проблеми се соочуваат во реализација на секојдневните активности. Навистина е потребно да ги менуваме работите на подобро, да се професионализира службата и да се стави во интерес на граѓаните. Преку вакви средби и преку директни средби на ѓраѓаните со полицијата да ја вратиме довербата во македонската полиција” , рече министерот Спасовски.