Средба на СВР со охридските угостителски работници

По иницијатива на Секторот за внатрешни работи – Охрид вчера се одржа средба на раководните лица од полицијата со охридските угостителски работници.

Целта на овој работен состанок беше интензивирање на меѓусебната соработка, поблиска и поредовна комуникација, размена на информации и координирани активности во насока на навремено информирање за можни нарушувања на јавниот ред и мир како и други облици на насилно, криминогено и деструктивно однесување. Покрај ова, на работната средба беше нагласена потребата од навремено пријавување на домашните и странски туристи како и неоходноста од соработка со професионалните и лиценцирани агенции за обезбедување.

-0703039

Началникот на СВР Охрид Сашо Смилески, на угостителските работници им посочи дека СВР – Охрид ќе презема деноноќни засилени, неселективни и континуирани законски превентивни и репресивни мерки во областа на јавниот ред и мир, криминалитетот, сообраќајот и во другите области на безбедносен план.

Активностите на СВР Охрид ќе бидат самостојни, но и во координација со надлежните инспекциски служби и ќе значат контрола на угостителските објекти во однос на почитување на работното време, присуство на малолетни лица по 24 часот, точење алкохол, оддавање на пијанство, непристојно, насилно и дрско однесување, гласна музика и други облици на вознемирување на граѓаните.

-7491195