Според податоците на Државниот завод за статистика, индексот на просечната месечна исплатена нето-плата
по вработен, во декември 2015 година, во однос на декември 2014 година, изнесува 101.4.
Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Административни и помошни услужни дејности (11.0%), Уметност, забава и рекреација (6.1%) и Информации и комуникации (5.8%).
Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Стручни, научни и технички дејности (18.8%), Информации и комуникации (9.9%)и Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли (8.9%).
Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2015, изнесува 22 715 денари. Во декември 2015 година, 1.3% од вработените во Република Македонија не примиле плата.