Екипите на Јавното претпријатие „Нискоградба“ деновиве интензивно работат на поставување на фекална канализација на крак на ул. „Стив Наумов“ со приклучување на главниот вод на истата улица. Должината на канализациониот крак е 100 метри и ќе се поставуваат цевки со дијаметар Ф- 200. Предвидено е изведување на 5 приклучни шахти, а вкупната вредност на зафатот е 350.000 денари.
Паралелно, екипите на ова јавно претпријатие вршат нивелација на канализациони шахти на ул. „Ванчо Николески“ во с. Лескоец. Нивелацијата се изведува по поставување на асфалт со што е решено барањето на жителите на ова населено место .Воедно санирана е водоводна шахта по отстранување на дефект на шибер на паркингот кај „ Канео“ во стариот дел на градот.