МЗТ подобар од Тајфун, победа за опстанок во АБА лигата

Македонија и следната сезона ќе има свој претставник во силната регионална кошаркарка АБА лига. Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром во клучниот натпревар за опстаник во лигата славеа победа на словенечниот прволигаш Тајфун со 77-70.

Во воведниот натпревар од 25 коло во АБА , нашиот шампион ја избори десетата сезонска победа, во Јане Сандански со одлична игра посебно во второто полувреме МЗТ Скопје го порази Тајфун со 77:70,со овој триумф аеродромци ќе ги избегнат последните две позиции на табелата, но за настап во АБА лигата и следната сезона ќе мора да ја одбранат шампионската титула во домашниот шампионат.

Најефиканси во редовите на македонскиот првак на дербито за опстанокот во лигата против Тајфун беа Марко Луковиќ со 19, и Ѓорѓе Дреновац со 15 постигнати поени.

Табела: Будуќност 22-2 (победи-порази), Ц.Звезда 18-6, Цедевита 18-6, Мега Лекс 16-8, Партизан 11-13, Цибона 11-13, Задар 11-13, МЗТ Скопје 10-15, У. Олимпија 10-14, Игокеа 9-15, Крка 9-15, Металац 9-15, Сутјеска 8-16, Тајфун 7-18.