Трето место за ученик од ОУ „Братство Единство“ на регионален натпревар по германски јазик

Ученикот Ригон Хиса од ОУ „Братство Единство“- Охрид, под менторство на наставничката Ајнет Пашо освои трето место на регионалниот натпревар по германски јазик.

Регионалниот натпревар по германски јазик се одржа на 27-ми февруари во ОУ „Исмаил Ќемали“ – Гостивар.

Ученикот Ригон Хиса се стекна со право за учество на Државниот натпревар кој ќе се одржи на 12-ти март во Скопје.

rigon hisa