На денешниот уличен хуманитарен концерт на охридските музичари, за помош на малиот Кирил Митрески кому итно му е потребна операција за лекување на тумор на главата во Израел, во собирните каси на Црвен крст Охрид, за неполни 2 часа беа собрани 65 184 денари. Прекрасните музички изведби на Јован Куциноски, Богдан Василески, групата „Билјана Јуниор“, басистот Јане Тодороски, гитаристот Јован Бочвароски и други членови на охридски музички бендови привлекоа многу посетители кои ја покажаа својата хуманост донирајќи за лечењето на малиот Кирил.
Изразувајќи благодарност до оние кои денес беа хумани, од Црвениот крст Охрид ги покануваат нашите сограѓани да учествуваат во хуманитарните настани за помош на Кирил, кои следат: на 1ви март во кафе бар Ликвид и на 2ри март во Центарот за култура „Григор Прличев“.