Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на живородените деца во четвртото тримесечје од 2015 година, во споредба со истиот период од претходната година, е зголемен за 0.6% и изнесува 5 758 живородени деца.
Бројот на умрените лица во четвртото тримесечје од 2015 година бележи намалување од 1.3% во споредба со истото тримесечје од 2014 година и изнесува 5 093 лица, а од нив 53 се умрени доенчиња.
Природниот прираст изнесува 665 лица, што значи, за толку лица бројот на живородените деца е поголем од
на умрените лица.
Бројот на склучените бракови во ова тримесечје од годината е зголемен за 6.7 % во споредба со истиот период од 2014 година и изнесува 3 494 бракови.
Разведените бракови во ова тримесечје од годината бележат намалување од 23.6% во споредба со истиот период од 2014 година и нивниот број изнесува 507.