Кривична пријава за кичевчанец кај кого била пронајдена дрога

Полициската станица Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.Х. (46) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“.

На 3ти ноември минатата година во Кичево од страна на полициски службеници сопрено е патничко возило „Рено-Еспејс“, управувано од З.В. од с.Трапчин Дол. При преглед на возилото пронајдена е алуминиумска фолија со траги од хероин на истата, а од извршен претрес во домот на пријавениот, пронајдени и одземени се и 13 мл метадон-синтетички опијат. Од преземени мерки утврдено е дека наркотичната дрога З.В. претходно ја набавил од пријавениот.