Во рамките на одбележувањето на Светскиот ден на ретки болести, во соработка со Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици“, Општиснкото средно училиште „Св.Климент Охридски“ – Охрид учествуваше во активностите со кои се одбележа денот под мотото „Придружете ни се за да се слушне гласот на ретките болести.
Активностите беа насочени кон промоција и информирање на јавноста за лицата заболени од ретки болести и начинот за помош и поддршка на истите.
Во рамките на тоа ученици од Охридската гимназија учествуваа во атлетскиот крос што се одржа по кејот на Охридското езеро, како и учествуваа во искачувањето на врвот Магаро на Галичица за испраќање на пораката „Прегратки за реткоста“ кон оние кои се соочуваат со ретките болести.