Заменик министерот за здравство Јовица, Андовски денеска присуствуваше на настан по повод донација на електрични болнички кревети, наткасни и друг медицински инвентар од Црвениот крст на Австрија.
Донацијата во вредност од над 14 илјади евра е наменета за здравствените установи, но во најголем дел за Клиничкиот центар-Скопје и Клиничката болница Тетово.
„Донацијата се распределува врз основа на барањата и потребите на здравствените установи. Со австрискиот Црвен крст имаме долгогодишна соработка и заедничка цел-подобрување на здравјето на населението, здравствените услуги и здравствениот систем воопшто,“ изјави заменик министерот Јовица Андовски.
Во изминатите четири години Црвениот крст на Австрија обезбеди 300 болнички кревети за македонските здравствени установи.
„Денешната донација е потврда за улогата на Црвениот крст во општеството, неговото партнерство со државата, општествено-одговорното однесување и грижата за доброто функционирање на здравствениот систем“, истакна генералниот секретар на Црвениот крст на Македонија Саит Саити,