Пронајдена дрога кај повеќе лица во Охрид

СВР Охрид поднесе кривична пријава против Р.Д. (30) и А.Б. (22), двајцата од Охрид, и непознат сторител поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“ и против А.Ј. (19) и А.Б. (22) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“.

На 5ти ноември минатата година во Охрид, во ресторан, од страна на полициски службеници биле затекнати А.Б. и Р.Д., при што бил извршен претрес на објектот и на лицата каде се пронајдени 0,58 грама наркотична дрога кокаин. Од преземени мерки утврдено е дека Р.Д. дрогата ја набавил од непознато лице, а потоа со А.Ј. заедно ја консумирале.