Традиционална крводарителска акција по повод празникот „Св.Климент“

Традиционалната крводарителска акција која во организација на Црвен крст Охрид секоја година се одржува за празникот „Св.Климент“, и оваа година ќе се реализира во ОУ „Св.Климент Охридски“ во Охрид и тоа денес во периодот од 19-24 ч. и утре 9 август (вторник) во периодот од 9-13 ч.

Се покануваат сите хумани сограѓани и гости да ја искажат својата хуманост дарувајќи крв на оваа крводарителска акција.