Собрани 30 вреќи отпад од улицата „Марко Цепенков“

По налог на комуналната инспекција денес екипите на „Јавна хигиена” при ЈП „Охридски Комналец” ја исчистија десната страна покрај ул. „Марко Цепенков” во тревнатиот дел на потегот од поштата до пресекот со ул. „Момчило Јорданоски” паралелно со градската болница.

„Беа ангажирани 4ца работници и собрани околу 30 вреќи комунален отпад и кабаст отпад депониран од страна на населението.“ Повторно апелираме до граѓаните да не го расфрлаат отпадот и да го депонираат на местата предвидени за тоа.“- велат од претпријатието.

ЈП „Охридски Комуналец” врши бесплатно подигнување на кабаст отпад од дома, во термините одредени за истото.

За информации на тел. 046/265-353

FotorCreated-1