Зголемен бројот на згрижени деца во градинките

Според податоците на Државниот завод за статистика, во 2015 година (состојба на 30 септември), вкупниот број на деца во установите за згрижување и воспитание на деца – детски градинки/центри за ран детски развој, изнесува 32660 што претставува зголемување за 8.5% во однос на 2014 година.

Со годишните извештаи во 2015 се опфатени 82 установи за згрижување и воспитание на деца, што е за 12.3% повеќе во однос на 2014.  Овие установи обезбедуваат здравствена заштита, исхрана и дневен престој на децата во согласност со нивните  развојни потреби на возраст до 6 години, во повеќе групи (групи на деца во развоен период до 2 години, групи на деца во развоен период од 2 години до поаѓање во училиште, комбинирани групи, групи за деца  со пречки во развојот, групи на деца – центар за ран детски развој во состав на детска градинка и групи за  вонинституционална форма на активност.