„Охридска поетска китка“ во понеделник во градската библиотека

Во Прличева одаја при Националната Установа Библиотека „Григор Прличев“- Охрид во понеделник (7-ми март), со почеток во 11: 00 часот ќе се одржи поетската манифестација „Охридска поетска китка“.

На настанот ќе учествуваат Вера Попоска, Елена Ангелоска, Марија Младеноска,  Мерсиха Исмајлоска, Наташа Митреска, Розе Костеска, Зорица Илијоска и Маја Мојсова.