Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 04.03.2016 година, издадени се потврди на вкупно 179 странски државјани, од кои 58 од машки и 41 од женски пол, како и на 78 деца кои го придружуваат носителот на потврдата и уште две деца кои патуваат без придружба на родител, за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството, потврди се издадени на 150 државјани на Сирија и 29 државјани на Ирак, додека нема издадено потврди на државјани на Авганистан.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 до 24,00 часот на 04.03.2016 година, издадени се потврди на вкупно 88.823 странски државјани, од кои 35.160 се од машки пол, 19.412 се од женски и 34.029 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 222 деца кои патуваат без родител, на кои им е издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-44.036, Авганистан-26.546 и Ирак-18.238.
Во периодот од 00,00 часот на 01.01.2016 година до 24,00 часот на 04.03.2016 година, до Секторот за азил барање за признавање на право на азил поднеле 29 лицa (22 од Сирија и седум од Авганистан) врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил
Во периодот од 00,00 до 24,00 часот на 04.03.2016 година, до Секторот за азил не се поднесени барања за признавање на право на азил, врз основа на претходно издадена потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.