МВР: Да се остави полицијата да си ги извршува своите задачи

Министерството за внатрешни работи професионално ја врши и во иднина ќе ја врши својата работа, во интерес на граѓаните.

„МВР, за разлика од минатиот период, нема да дозволи да се употребува како алатка во служба на политичките партии со цел исполнување на некакви сценарија подготвени во партиските штабови. Секој има право да протестира и да го искаже својот став и ние никому не му го спориме тоа право. Но, апелираме да се остави полицијата да си ги извршува своите задачи. На тој начин на дело ќе се покаже патриотизмот на кој многумина се повикуваат. Уште еднаш ја истакнуваме улогата на полицајците кои максимално професионално ја завршија својата задача во настаните во општина Бутел и ги уверуваме граѓаните дека на овој начин ќе се справуваме со предизвиците и во иднина.“- велат од МВР.