Пронајден хероин кај кичевчанец

Поради постоење основи на сомнение за сторено казнено дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурзори“, полициската станица од Кичево поднесе кривична пријава против Ќ.Х.(46) од Кичево.

При претрес извршен во домот на сега пријавениот, пронајдени и одземени се две пластични боци со непозната течност и една самоделска цевка од алуминиумска фолија. Од извршеното вештачење во Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, констатирано е дека трагите од кафеава материја на алуминиумската фолија претставуваат хероин, додека течноста во двете пластични шишиња со вкупен волумен од 13 милилитри претставува метадон-синтетички опијат кој влегува во групата на аналгетици, кој често се користи во терапија при лечење на зависност од хероин и подлежи на контролирана продажба.

На трети ноември минатата година, пријавениот, на З.В. од селото Трапчин Дол му понудил и му продал одредена количина дрога хероин кој пак ја сокрил во водоводен вентил од неговото патничко моторно возило марка „Reno-Espace“. Полициските службеници, ја пронајдоа и ја одзедоа прашкастата материја запакована во најлонска кеса и сокриена во водоводниот вентил од автомобилот.