За прв пат македонската култура, историја и природа од 3-ти до 6-ти Март 2016 година Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот ги претставува пред унгарските туристи на саемот за туризам во Будимпешта, Унгарија.
Саемот за туризам во Унгарија е помогнат од страна на кинеските туристички власти и се донесени голем број на кинески туроператори кои се заинтересирани за кружни тури на балканот.
За време на саемот се оддржа и бизнис работилница на која Македонија оствари средби со неколку кинески туроператори како што се Leo Vacations, Oases Travel, Tour Nasdaq,Beijing Youth Travel Service и China International Travel Service. Од унгарските тур-оператори посебен интерес пројавија Robinson Travel, Theo Tours, Caterina Travel,Chemol Travel и Union Travel Agency.
„Го изразувам моето искрено задоволство од претставувањето на Република Македонија на саемот за туризам во Будимпешта, Унгарија.Ова претставување е одлична можност за промоција на Македонија како дестинација за туризам на европската мапа. Посебна шанса претставува и промоцијата на Македонија пред кинеските туроператори.” – изјави амбасадорот на Република Македонија во Унгарија, Игор Есмеров.
На саемот во Будимпешта остварени се повеќе состаноци со претставници на Националните туристички организации на Србија, Војводина, Словенија, Хрватска, Албанија и Министерството за економија на Унгарија – сектор за туризам, при што се потенцираше потребата од заедничка соработка на балканските земји со цел претставување на трети пазари и привлекување на туристи од подалечните земји на балкански кружни тури во кои секоја земја ќе заземе посебно место.
На состанок и со Балинт Ердеи, Престедател на Асоцијацијата на Унгарски туроператори се разгледа можноста за идна меѓусебна соработка за претставување на балканските земји на кинескиот пазар.
Саемот за туризам во Унгарија за овие 4 дена очекува посета на повеќе од 40 000 потенцијални партнери.