Вчера во 18.40 часот во ПС-Кичево било пријавено дека на локалниот пат во с.Другово, кој води кон автопатот во изградба Кичево-Охрид, бил пронајден починат Т.К. (64)од с.Другово. Од екипа на Итна медицинска помош констатирана е смрт без траги на насилство. Увид на местото на настанот извршила екипа од ПС-Кичево. По наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е дадено на обдукција.