Во рамките на наставната програма за четврто одделение по предметот „Општество“, денес во посета на Локалната самоуправа беа учениците од ОУ „Христо Узунов“. За функционирањето, организацијата и овластувањата на општинската администрација, пред учениците зборуваа секретарот Димитар Спасески и советникот Ангел Јанев.
Учениците имаа можност да се запознаат посебно, со работата на секторот за образование и одделенитето за односи со јавност.