Утрово во 01:50 часот на магистралниот од с.Подмоље кон Охрид, полициски службеници издале наредба за запирање на ПМВ „Сеат Ибица“ со грчки регистарски ознаки. На оваа наредба возилото не застанало, но по втората наредба за запирање возилото застанало.
Кога полициските службеници се доближиле до возилото, возачот го стартувал возилото наназад, по што со задната лева страна удрил во левата нога, во пределот на коленото, на полициски службеник. Поради заплашување и запирање на возилото, друг полициски службеник испукал еден куршум во воздух со службено формациско оружје. После тоа возачот застанал со возилото и бил легитимиран. Се работи за грчкиот државјанин К.Л. (58) од Лерин.
На полицискиот службеник му е укажана лекарска помош по што е пуштен на домашно лекување. Во текот на денот грчкиот државјанин со соодветна пријава ќе биде предаден до Основното јавно обвинителство – Охрид.