Партерно уредување на просторот пред „Охридска банка“

Градежната оператива на Јавното претпријатие „Градски гробишта“ започна со партерно уредување на локацијата пред „Oхридска банка“ и Регионалниот центар на ЕВН. Се врши бетонирање, поставување на гранитни плочки, обложување на ѕидовите со украсен камен и поставување на клупи.

По завршувањето на градежните активности екипите на на ЈП „Градски гробишта“ ќе извршат и хортикултурно уредување на просторот. Финансиската конструкција на овој зафат изнесува околу 350.000 денари.

слики