Депонии никнат преку ноќ на патот кон Рамне

Несовесните граѓани добро знаат дека е забрането отпадот да се фрла на места кои не се наменети за депонирање на отпад. Затоа тие ја користат ноќта како незабележано би се ослободиле од нивниот отпад.

Преку ноќ никна уште една – нова и досега најголема депонија на патот до селото Рамне. Како што може да се види од фотографиите, отпадот е најразличен: градежен шут собран во вреќи, кабаст отпад, гранки, кутии, делови од автомобили, детски играчки и сл.