Министерот Ивановски на состанок на ICANN во Лондон

Министерот за информатичко општество и администрација, Иво Ивановски, вчера на 23 јуни 2014 година, учествуваше на состанокот на Интернет корпорацијата за доделени имиња и броеви (ICANN), кој се одржа во рамките на Владиниот состанок на високо ниво во Лондон, Велика Британија.

На состанокот присуствуваа високи Владини претставници од сите континенти во светот при што на присутните меѓу другите им се обратија Стив Крокер, директор на Одборот на ICANN и Фади Шехаде, претседател и актуелен извршен директор на ICANN, а меѓу темите на кои се осврнаа е и најновиот напредок поврзан со стратегијата за глобализација на ICANN .

Последен пат ваква средба се одржа во 2012 година во Торонто, на која учесниците имаа можност да разменат мислења од заеднички интерес.

Вчерашниот состанок на високо ниво во Лондон беше насочен кон продолжување на тој процес и зајакнување на дијалогот.

Посетата на Министерот Ивановски беше остварена на покана на Ед Вејзи, Британски министер за култура, комуникации и креативна индустрија.