Се поставуваат нови водоводни линии на неколку локации во Охрид

Екипи на ЈП „Водовод“ – Охрид денес започнаа градежна активност за изградба на нова водоводна линија во населба „Исток“. Азбесните цевки со профил ф 63мм се заменуваат со нови полиетиленски ф 90 мм во должина од 75м.

Во населба „Андон Дуков“ денес ќе се вршат припреми за замена на старата водоводна линија со нова која ќе биде од полиетиленски матерјал со профил од 63мм во должина од 200м.

Со овие проекти ќе се подобри водоснабдувањето во овие делови од градот како и одржувањето на системот за водоснабдување.

Во тек на денешниот ден екипи на ЈП „Водовод“- Охрид ќе вршат и санација на дефекти на улиците „Живко Чинго“ и „Железничка“ ,а во селата Лескоец и Велгошти регулација на водоводните линии.

Novi_vodovodni_linii_4851